ВИДЕО: Публиката се врати во НБА лигата, Леброн веднаш влезе во кавга со навивачите

epa08980643 Los Angeles Lakers forward LeBron James (L) in action against Atlanta Hawks guard Cam Reddish (R) during the NBA basketball game between the Los Angeles Lakers and the Atlanta Hawks at State Farm Arena in Atlanta, Georgia, USA, 01 February 2021. EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

На натпреварот помеѓу Атланта хоукс и ЛА Лејкерс, конечно сезонава имаше и навивачи на трибини. Очекувано, станува збор за мал, контролиран број на навивачи на Атланта кои веднаш влегоа во конфронтација со Леброн Џејмс. По кавгата, една жена беше исфрлена од Стејт фарм Арената токму поради караницата со ѕвездата на Лејкерси.

Се е подобро со публика на трибините – низ насмевка коментираше Џејмс.
На крајот славеше шампионот со 107:99 откако направија серија од 13:0. Леброн Џејмс беше најдобар кај Лејкерси со 21 поен, од кои 12 даде во последната четвртина, додека кај Атланта Тре Јанг имаше скор од 25 поени и 16 асистенции.

Вицешампионот Мајами хит благодарение на Џими Батлер успеа да го совлада Шарлот со 129:121. Мајами имаше предност од дури 10 поени на три минути до крајот од натпреварот, но Шарлот благодарение на тројката на Монк успеа да обезбеди продолжение.


Во дополнителните пет минути Батлер го предводеше Мајами до триумф од 129:121. Батлер со 25 поени и 9 скокови беше прво име во триумфот, додека Бем Адебајо имаше 23 поени и 9 скокови.

Екипата на Далас маверикс продолжува со лошите игри и го претрпе шестиот пораз во последните седум натпревари. Овој пат подобар од Дончиќ и Далас беше Феникс санс кој славеше со 109:108. Херој на натпреварот беше Девин Букер кој победничјата тројка ја постигна на 1.6 секунди до крајот. На крајот Букер постигна 24 поени, Крис Пол имаше 34 поени и по 9 скокови и асистенции, додека кај Далас прво име беше Лука Дончиќ со 25 поени.

 

Милвоки бакс го растурија Портланд (134:106), а одличната игра уште од стартот на „елените“ му дозволи на Јанис Адетокумпо да одигра само 26 минути.
Екипата на Хјустон рокетс игра одлично по размената на првата ѕвезда Џејмс Харден и ја забележи шестата победа по ред. Во триумфот од 136:106 над Оклахома сити, Хјустон постигна рекордни 28 тројки.

Резултати:
Атланта – ЛА Лејкерс 99:107
Мајами – Шарлот 121:129
Чикаго – Њујорк 110:102
Кливленд – Минесота 100:98
Милвоки – Портланд 134:106
Њу Орлеанс – Сакраменто 109:118
Оклахома – Хјустон 106:136
Далас – Феникс 108:109
Сан Антонио – Мемфис 102:133

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот