ВИДЕО: ПСЖ на „крилјата“ на Нејмар, Меси и Рамос го освои францускиот Суперкуп

ПСЖ по 11 пат го освои францускиот Суперкуп/Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN EPA

Фудбалерите на ПСЖ го освоија Суперкупот на Франција откако во Тел Авив (Израел) го совладаа Нант со убедливи 4:0.

Тоа е првиот трофеј во ерата на новиот тренер Кристоф Галтие, кој во текот на летото го замени Маурисио Покетино.

Два гола постигна Нејмар, во 45+5 и 82 минута, а погодуваа и Лионел Меси во 22 и Серхио Рамос во 57 минута.

Особено атрактивен беше првиот гол на Нејмар од слободен удар, како и оној на Рамос, кој со пета ја затресе мрежата на „канаринците“.

Новиот тренер Галтие во составот го немаше на располагање Килијан Мбапе. За парижаните ова е 11 трофеј во Суперкупот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот