ВИДЕО: ПСЖ го растажи Клуб Бриж, Лајпциг ќе игра во Лига Европа

Лајпциг триумфираше пред своите верни навивачи против Манчестер сити/Лајпциг, Германија/7 декември 2021/Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Денеска во групата „А“ се решаваше само кој ќе го освои третото место кое води во Лига Европа, а за таа позиција успеа да се избори екипата на Лајпциг. Манчестер сити и ПСЖ ќе играат во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.

Германскиот клуб пред своите навивачи триумфираше над Манчестер сити (2:1), после првото полувреме водеше со голот на Шобошлаи од 24 минута.

Предноста ја зголеми Силва во 71 минута, а „граѓаните“ кои го претрпе вториот пораз сезонава во ЛШ во 77 минута намалија преку Марез. Во 83 минута црвен картон кај гостите доби Вокер.

Клуб Бриж го завршува меѓународниот настап, вечерва немаа сили за изненадување во Париз против моќниот ПСЖ кој беше подобар со 4:1.

Сите дилеми беа решени уште во првото полувреме после кое париските „светци“ водеа со 3:0, првите два погодоци беа дело на Мбапе кој испиша историја во клупското натпреварување.

Во гол серијата се придружи и Меси кој исто така беше двоен стрелец на мечот, а Ритс го реализираше единствениот гол за Белгијците.

Лига на шампиони
6. последно коло, резултати –

Група „А“

ПСЖ – Клуб Бриж 4:1
Лајпциг – Манчестер сити 2:1

Конечна табела:

1. Манчестер сити 12 бодови
2. ПСЖ 11
3. Лајпциг 7
4. Клуб Бриж 4

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот