ВИДЕО: ПСЖ го избегна сценариото на Барселона

ПСЖ по само 13 кола во Лига 1 има предност од 10 поени на табелата/ фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Фудбалерите на ПСЖ славеа на гостувањето кај Бордо со 3:2 во рамки на 13. коло од француската Лига 1, иако во финишот  стравуваа за победата, но го избегнаа сценариото на Барселона која прокоцка предност од три гола.

„Светците“поведоа во 26 минута кога погоди Нејмар по центаршутот на Килијан Мбапе, а во финишот од првиот дел, Бразилецот ја дуплира предноста на својот тим.

ПСЖ по еден час игра имаше предност од 0:3 откако во листата на стрелци се запиша и Мбапе и кога сите помислија дека лидерот на табелата ќе оствари убедлив триумф, се разбудија домашните фудбалери и внесоа неизнесност во натпреварот.

Прво Алберт Елив во 79 минута намали на 1:3, а во финишот на средбата Нинаг постигна гол, но немаше време да се стори нешто повеќе.

Со триумфот ПСЖ дојде до 34 бода и му избега на второпласираниот на табелата, Ленс на дури десет бодови по само 13 одиграни натпревари во Лига 1, додека Бордо остана на 16 место со 12 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот