ВИДЕО: Прво сакаше да тепа, а потоа виде дека бил фаулиран од Ериксен…

Кристијан Ериксен / фото: EPA-EFE/Daniel Hambury

На натпреварот од 28 коло во Премиер лигата помеѓу Норич и Бретфорд имаше момент кој го обиколи светот и во кој главен актер беше Кристијан Ериксен.

Имено, во победата на Брентфорд од 3:1, дефанзивецот на Норич, Брендон Вилијамс во 39 минута беше запрен на непрописен начин од Кристијан Ериксен, со влечење за дресот. Тоа го налути Вилијамс кој тргна да се пресмета со противничкиот играч кој лежеше на теренот, но кога сфати дека станува збор за Кристијан Ериксен,  веднаш го смени изразот на лицето, се насмеа и го гушна Данецот.


Кристијан Ериксен минатото лето за време на натпреварот од ЕП помеѓу Данска и Финска доживеа срцев удар, а лекарите во последен момент му го спасија животот. Потоа му беше вграден дефибрилатор во кој ја регулира работата на срцето.

Во текот на зимскиот преоден рок Ериксен потпиша за Брентфорд бидејќи во Англија е дозволено да се настапува во вграден дефибрилатор откако ќе се поминат ригорозните лекарски контроли.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот