ВИДЕО | Прво интервју на Меланија Трамп по напуштањето на белата куќа: Ми беше чест

Потпретседателот Мајк Пенс се обрати од Белата куќа / 4 ноември 2020 / Вашинготн ДС, САД / Фото: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL
Меланија Трамп во Белата куќа додека Доналд Трамп се обраќа на јавноста / 4 ноември 2020 Вашингтон ДС, САД / Фото: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Откако ја напушти белата куќа, поранешната прва дама Меланија Трамп не се огласува често во јавноста. Во првото интервју за „Fox“, по поранешната привилегирана позиција , Меланија навести дека постои шанса повторно да живее таму додека поранешниот претседател Доналд Трамп размислува да се кандидира за уште еден мандат во 2024 година, пренесува „Си-Ен-Ен“.

„Ми беше чест. Мислам дека постигнавме многу за четири години од администрацијата на Трамп“, изјави Меланија Трамп за „Fox“ во интервју емитувано во недела наутро, додавајќи: „Никогаш не кажувај никогаш“, на прашањето дали би можела повторно да живее во Белата куќа, доколку сопругот повторно се кандидира за претседател.

За време на интервјуто, поранешната прва дама зборувала за „НФТ проекти“. Меланија дизајнирала и пуштила во продажба на нејзината лична веб-страница неколку токени, кои се дигитални колекционерски предмети автентицирани од блокчејнот што често е парче дигитална уметност. Сите артикли што Трамп ги продава може да се купат само преку криптовалути, а првата група артикли што биле ставени на продажба претходно оваа година не успеале да го достигнат посакуваниот монетарен праг од 250.000 долари.

Вообичаено, повеќето модерни први дами основаат фондации или организации, најчесто непрофитни кои ги унапредуваат иницијативите што ги започнаа за време на нивниот мандат во Белата куќа. Меланија за време на интервјуто рекла дека „дел од приходите“ од продажбата на „НФТ проектите“ кои се наведени по 150 долари, ќе бидат наменети за поддршка на деца на кои им треба згрижување.

Трамп исто така зборувала за тоа дека таа не била претставена на насловната страница на магазинот „Vogue“ за време на нејзиниот престој во Белата куќа, традиција стара неколку децении што беше обновена минатата година кога магазинот ја прикажа првата дама Џил Бајден на својата насловна страница.

„Тие се пристрасни и тоа е толку очигледно“, рече таа за модниот магазин, кој никогаш не се фокусираше на неа како што правеле за другите први дами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот