ВИДЕО: Прво финале на Западот за Клиперси, Филаделфија се избори за мајсторка

epa09272153 LA Clippers forward Paul George (C) scores during the second quarter of the game 4 of the NBA playoffs between the Utah Jazz and the Los Angeles Clippers at the Staples Center in Los Angeles, California, USA, 14 June 2021. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT SHUTTERSTOCK OUT

Лос Анџелес Клиперс ќе го игра првото финале во Западната конференција во својата 51-годишна клупска историја откако во шестиот натпревар во серијата против Јута џез се врарија од негатива од 25 поени. ЛА Клиперс славеше со 131:119, а успеа да ја надополни големата негатива во третата четвртина. Клиперси победија во серијата со Јута со 4:2 во победи и во финалето на Западот ги очекува дуел со Феникс Санс.
Успехот на Клиперси добива на тежина бидејќи тие по првите две средби губеа со 0:2 во победа, а подоцна се повреди и најдобриот играч Каваи Ленард.

Неверојатен подвиг направи тимот од Лос Анџелес во шестиот натпревар бидејќи имаше негатива од 25 поени во третата четвртина (75:50), а најзаслужен за кам-бекот е Терен Мен кој даде 20 поени во тој период и му помогна на својот тим во последната четртина да влезе со само три поени негатива (94:91). Во последните 12 минути, благодарение на тројките на Патрик Беверли и на Пол Џорџ, Клиперси славеа со 131:119 и си закажаа дуел со Феникс за влез во големото финале.
Терен Мен имаше рекордни во кариерата 39 поени, Пол Џорџ даде 28 поени, а Реџи Џексон 27 за Клиперси. На спротивната страна, Донован Мичен даде 39 поени.
Финалето во Западната конфернција започнува во недела.

Во Источната конференција, Филаделдфија сиксерс се избори за мајсторка откако во шестиот натпревар во серијата со Атланта хоукс славеше со 104:99.
Најзаслужни за победата на Филаделфија која со серијата од 12:0 во последната четвртина ги реши дилемите окол победникот беа Тобајас Херис и Сет Кари кои дадоа по 24 поени и Џоел Ембил со 22 поени и 13 скокови. Кај Атланта блескаше Тре Јанг со 34 поени и 12 асистенции, додека Кевин Хуртер уфрли 17 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот