ВИДЕО | Први стравични сцени од нападот во метрото во Њујорк

ФОТО : Tвитер

На социјалните мрежи излезе и видео од нападот во метрото во Бруклин, Њујорк во кое според американските медиуми засега се застрелани 13 лица а повредени неколку лица.

Имено, Американците започнаа да споделуваат видео записи во кои се гледа стравични моменти од нападот како чади еден од патничките вагони во подземното метро при застанување и од него излeгуваат повеќе застрелани лица.

Засега американските власти се уште не се изјаснија за нападот дали станува збор за терористички чин, но од она што се гледа на видеото е загрижувачко и вознемирувачко.

АФП наведува дека досега се повредени над 13 лица, додека информациите за можни жртви сè уште се недостапни.

Полицијата во моментов трага по осомничениот за нападот.

Медиумите јавуваат дека  по експлозијата и пукотниците во метрото во тек е полициска потера по маж со гас-маска облечен во портокалов елек како што го носат градежниците.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот