Филомена Ламберти e првата жена во Италија која беше жртва на напад со киселина/Фото: Скриншот/YouTube

ВИДЕО | Првата Италијанка нападната со киселина јавно проговори за семејното насилство: Тој сега е слободен човек, спремен да го направи истото

64-годишната Филомена Ламберти e првата жена во Италија која беше жртва на напад со киселина. Taa ја шокираше и во исто време ја трогна публиката на вториот ден од конференцијата „Форца Италија“, на која се водеше дискусија за насилството врз жените зборувајќи за својот живот со насилен сопруг кој и го унакази лицето и и` го загрози животот.

Со изобличено лице, Ламберти побарала на публиката да и покаже фотографија од себе веднаш по нападот со киселина од страна на нејзиниот тогашен сопруг во 2012 година. Дел од нив се расплакаа додека сите стоеја и со овации и оддадоа почит на храбрата жена која изјави: „Денес живеам и слободна сум“.

Ламберти, по потекло од едно мало село во Салерно, јужна Италија, рече дека била во брак 30 години со сопруг насилник додека нејзините три деца не станале возрасни. Во мај 2012 година, таа се осмелила да побара развод од нејзиниот сопруг, но тој агресивно се соочил со неа, упатувајќи навреди и закани. На 28 мај, држејќи шише киселина, и рекол „погледни што ќе ти дадам“ и со каустичната течност ја истурил врз главата, лицето, рацете и градите на несреќната жена.

Од 2012 до 2017 година, Ламберти имаше 30 операции од кои 10 на очните капаци. Што се однесува до сторителот, тој е осуден само на 18 месеци затвор откако прво пред судот доставил писмо за каење за неговото дело и „денес е слободен човек“, како што истакна жртвата на конференцијата.

„Срамота е затоа што неколку дена по ослободувањето изјави пред камерите дека ќе го направи тоа повторно“, рече Ламберти и откри дека таа е првата жена во Италија нападната со киселина и дека по сопствениот случај се бележи зголемување на нападите со киселина врз жените од соседната земја.

На конференцијата „Форца Италија“ по повод 87-годишнината од раѓањето на Силвио Берлускони, кој почина во јуни минатата година, присуствуваа политичари, фудбалери и луѓе од уметничкиот свет. Конференцијата се одржува во малиот град Паестум (Поседонија) во Долна Италија од 29 септември до недела, 1 октомври. Првиот ден од конференцијата под наслов „Ден на Берлускони“ беше посветен на Силвио Берлускони, основач на „Форца Италија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот