ВИДЕО: Прва трансплантација на коскена срж од починат донор во Македонија, разговор со Д-р Далипи

Првпат во нашата држава е направена интервенција на коскена срж на Клиниката за ортопедски болести. Од тимот на нашата клиника е направена трансплантација на коска и се направи рестрикција на малигнен тумор. Кај 19-годишна пациентка со констатиран малигнен тумор на коските беше извршено пресадување на дел од коската од починат донор. Интеревенцијата траеше пет часа, пациентката е во добра општа состојба. Прифатен е трансплантот на коската, почна да оди и се чувствува одлично, изјави во Утрински брифинг Д-р Резеарт Далипи.

„Коскената банка на нашата клиника постои од осумдесетите години. Но оваа коскена банка сега е проширена. Имаме фрижидери каде коските се чуваат на -80 степени. Кога зборуваме за пациенти со малигни болести, тука нема правила колку години имаат. Во нашата Клиника имаме добри услови за имплантирање на т.н модуларни протези и тие видови на операции се прават во нашата клиника и нема потреба тие да се испраќаат во странство. Планираме и друг 52-годишен пациент да биде опериран кон крајот на мај или почетокот на јуни“, вели д-р Далипи.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот