ВИДЕО: Прва радост за Германците, „дрим-тимот“ лесно против Иран

Фото: EPA-EFE/WU HONG
Во рамките од групата „Б“ во второто коло на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Токио репрезентацијата на Германија после стартниот пораз овојпат триумфираше над Нигерија со 99:92.

Не беа доволни 33-те поени на Нвора за победа на Нигеријците, а во победничките редови најдобро се истакнаа Воигтман со 19 поени и Вагнер со 17.

Во вториот меч од истата група Италија ќе ги одмери силите против Австралија, на табелата водат Германците со три бодови, по два имаат Австралија, Нигерија и Италија.

И репрезентативците на САД загубија во првото коло во групата „А“, но сега ја покажаа силата против аутсајдерот Иран со 120:66.

Лилард беше одличен за „дрим-тимот3 со 21 поен, следен од Букер со 16, а на спротивната страна Хадади и Јамшиди имаат по 14 коша.

Во вториот меч Франција ќе игра против Чешка, на табелата водат Американците со три бодови, пред Французите, Чесите и Иранците кои имаат по два.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот