ВИДЕО | Извештај на ЦИВИЛ во 10 часот: Недостасуваат околу 40 лица на Избирачкиот список во казнено-поправните установи

Џабир Дерала
Џабир Дерала / Фото: Скриншот, ЦИВИЛ медиа

Мониторингот на ЦИВИЛ утврди дека денешното гласање на лицата во притвор и на издржување казна затвор започна навремено во сите казнено-поправните установи (КПУ), освен во КПУ Идризово. Гласањето во КПУ Идризово започна во 8.20 часот. Од ЦИВИЛ изразија надеж дека управата и Избирачкиот одбор во КПУ Идризово ќе го почитуваат принципот според кој треба да се продолжи гласањето во избирачките места за толку време колку што траел прекинот, односно доцнењето.

Во мониторингот на ЦИВИЛ на гласањето во КПУ низ земјата, се бележат неколку други недостатоци. Во КПУ Куманово, од 56 лица, само 38 се на Избирачкиот список. Во КПУ Битола, 20 лица недостасуваат во Избирачкиот список.

На почетокот на гласањето во КПУ Прилеп и Битола, на гласачите не им било дозволено гласањето со т.н. „домска карта”, за разлика од сите други КПУ каде што тоа било дозволено. Некаде околу 9 часот, овој проблем е надминат и сега гласачите во КПУ Прилеп и Битола можат да го остварат своето право на глас со „домска карта”, како и во сите останати КПУ.

ЦИВИЛ ќе се појави со најнови информации и во живо, во Изборен рапорт, со почеток во 13 часот на Фејсбук страницата и Јутуб каналот на организацијата.

Како и секогаш, ЦИВИЛ го спроведува мониторингот во соработка со граѓанките и граѓаните и ги повикува да пријавуваат кршење на изборниот молк и други нерегуларности во текот на гласањето денеска и утре.

Изборен рапорт на ЦИВИЛ во 13 часот ЦИВИЛ ќе го емитува новото издание на Изборен рапорт (18) во 13 часот денеска (сабота, 16 октомври), во живо, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.

Медиумите се добредојдени со претходна најава, со максимално почитување на протоколите за заштита од ковид-19. ЦИВИЛ ќе обезбеди услови и за физичко присуство на макс. 4 новинарски екипи.

Преземањето на видео преносот и сите текстуални содржини поврзани со изборите, објавени на civilmedia.mk (македонски), drejt.mk (албански) и civil.today (англиски) е дозволено целосно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (линк до изворот).

Преземено од ЦИВИЛ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот