ВИДЕО: Провокации за Левандовски од навивачите на Борусија Дортмунд

Полскиот репрезентативец, голгетерот на Баерн, Роберт Левандовски/ фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Баерн Минхен вчера на гостински терен ја совлада Борусија Дортмунд со 3:2 во дербито од 14. коло во Бундеслигата.

Баварците уште еднаш успеаја да слават во мечот против „милионерите“, а на „Сигнал Идуна Парк“ гледавме уште еден одличен дуел на овие ривали.

Баерн дојде до победата во 77. минута кога главниот судија покажа на белата точка, а сигурен пеналџија беше Роберт Левандовски, најдобриот светски напаѓач.

Полјакот против својот поранешен клуб постигна два гола и еден од најзаслужните за трите бода на Баерн.

Во самиот финиш од оваа средба видовме една неверојатна сцена. Во судиското надополнување Левандовски ја зема топката да изведе слободен удар, а навивачите на Дортмунд го провоцираа со скандирање „Меси, Меси“.

Секако, навивачите алудираа на тоа дека Аргентинецот пред неколку дена ја освои седмата „Златна топка“, иако сите веруваа дека таа ќе му припадне на Левандовски.

Видео на денот