ВИДЕО | Проверено: Доколку сакате да изгубите килограми без да трошите пари, оваа жена го има одговорот

instagram

Секогаш кога станува збор за брзи и ефикасни решенија на проблемот со килограмите сме скептични и нечесто сме во право поради таквото чувство. Но, сега имате реална човечка шанса во која како почетници и странци на вежбањето или поздравиот начин на живот да го променете ставот кон физичката активност и со тоа вашиот живот во домашни услови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chloe Ting (@chloe_t)

Во првиот замав на пандемијата во изминатата година, фитнес инструкторката Клои Тинг доживеа скоро и невидена слава во молскавично брзо време. Славата беше резултат на учеството на илјадници луѓе кои на платфотмата „ТикТок“ ја следеа нејзината програма за вежбање. Целта на таа програма е да ви помогне да добиете стомачни мускули за две недели.

Со ваквиот феномен се изгради цела заедница на 20 милиони верни следбеници на инструкторката Тинг која функционира како систем на бодрење, инспирација и поддршка на сите кои вежбаат заедно со неа.

Веќе во 2021 година достапни се видеа и трансформации на стотици луѓе на нејзиниот јутуб-канал, а со нејзиното име се обележени и стотици други видеа на мрежата „Јутуб“.

Иако стомачни за две недели звучи неодоливо, наша препорака е да ги разгледате сите програми кои ги нуди г-ѓицата Тинг. Зошто баш нејзините покрај илјадниците други достапни на интернет?  Бидејќи овие ни се „проверени“, односно ние во нашата редакција ги слушавме нејзините препораки и успеавме во целта. Клои нуди програми за целото тело, посилни раце, послаби нозе и се разбира такви кои ќе ја направат вашата фигура да изгледа како песочен часовник на нејзината веб-страна.

Програмите на Клои Тинг се исклучително ефективни и бараат само месец влог од вашиот живот, во кој ќе треба да имате војничка дисциплина, да одржувате калориски дефицит и да верувате во себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chloe Ting (@chloe_t)

Според добро познатата изрека здравјето е „80% исхрана, 20 вежбање“, потребно е во тој месец дена да се одржите во калориски дефицит (ако се обидувате да ја намалите вашата телесна тежина) и тоа да го направите на разумен начин, а не со екстремна промена која потенцијално може да ви наштети. Калорискиот дефицит може да пресметате тука и може да го следите во иднина преку телефонски апликации „My fitness pal“ и „Lifesum“.

Како што се достапни програми за вежбање на страницата од инструкторката Тинг, исто така имате пристап и до здрави и креативни рецепти како и видеа во кои таа спрема храна и споделува лични рецепти.

Со лесно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот