ВИДЕО: Протестите во Хавана продолжија, стотици луѓе неколку дена се без струја

Куба мрак/ Фото Adalberto ROQUE / AFP / Profimedia

Властите повторно ја вклучија струјата во повеќе населби низ Хавана откако масовните протести продолжија. Жителите се незадоволни поради честите затемнувања во главниот град на Куба, како последица на ураганот Ијан.

Протестите низ Куба бројат неколку стотици луѓе кои извикуваа „вклучете ги светлата“, како и слогани кои го омаловажуваат претседателот Мигел Дијаз-Канел.

Во еден момент, демонстрантите почнале да скандираат за слобода, или „либертад“ на шпански, додека марширале низ темната, густо населена област која е без струја откако ураганот Ијан удри на островот во вторникот.

Мнозинството жители на градот, на кои во текот на денот им се врати струјата, не протестираа во петокот.

ВИДЕО: Цела Куба остана без струја како последица на ужасниот ураган

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот