ВИДЕО: Протести во Москва за укинување на електронското гласање

Протест на Комунистичка партија во Москва / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Стотици луѓе, незадоволни од минатонеделните парламентарни избори, се собраа денеска да протестираат во центарот на Москва, со порака да се врати стариот начин на гласање.

Протестот го организираа неколку пратеници, од кои повеќето се од Комунистичката партија, кои порачаа дека се измамени при електронскиот начин на гласање и побараа да се укине тој систем.

Полицијата вчера уапси некои опозициски активисти и предупреди дека ќе ги прекине сите неодобрени собири викендов, откако опозициската коалиција, незадоволна од исходот на парламентарните избори, ги повика поддржувачите да се соберат во Москва.

Комунистите, кои се сметаат за „системска” опозиција која Кремљ ја „толерира”, ги повикаа гласачите денеска да разговараат со пратениците од партијата и побараа да се ревидираат резултатите од гласањето во Москва.

Меѓутоа, нема нови апсења на денешниот протест на комунистите, на кој присуствуваа стотици луѓе.

Централната изборна комисија на Русија вчера ги потврди резултатите од изборите за Државната дума, одржани од 17 до 19 септември, според кои најмногу места доби Единствена Русија на претседателот Владимир Путин, 324 од вкупно 450 мандати.

Кремљ соопшти дека има намера електронското гласање, што беше користено во Москва за овие избори, како и во неколку други региони, да го прошири низ целата земја на следните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот