Фото: Pexels / Hilary Halliwell

ВИДЕО | Пронајдовте стари батерии во фиока? Дознајте дали се празни или полни со овој едноставен тест

Сите имаме еден куп батерии во фиоките, но кога итно ни се потребни, често не знаеме која е полна, а која празна. На интернет има одлично видео кое ни покажува едноставен начин да ја провериме состојбата на батеријата.

Овој тест е применлив за сите цилиндрични алкални батерии кои не се полнат. За тестирање, едноставно спуштете ја батеријата од висина од 10 до 20 сантиметри на рамна површина и обрнете внимание на реакцијата.

Ако батеријата само малку отскокнува, тоа значи дека е празна. Ако само се преврти, тогаш е полна.

Оваа реакција се јавува поради цинковата паста слична на желе која се наоѓа во батеријата. Кога батеријата е полна, пастата омекнува и го амортизира падот, додека кога батеријата е празна, пастата станува тврда, поради што не може да го ублажи ударот, што резултира со „скокање“ на батеријата.

Колку повеќе батеријата отскокнува кога паѓа, толку помалку е наполнета. Ако батеријата скокне приближно колку што е долга, речиси сигурно е целосно празна.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот