ВИДЕО | Пронајдени јајца од ној стари 4.000 години

Фото: ISRAEL ANTIQUITIES AUTHORITY

Осум јајца од ној за кои се верува дека се стари повеќе од 4.000 години се пронајдени покрај древно огниште во Израел.

Праисторискиот логор што го користеле пустинските номади е откриен под песочните дини на Ницан во регионот Негев, соопшти израелската управа за антиквитети.

Водачот на тимот Лорен Дејвис рекла дека археолозите, исто така, ископале камено оружје и грнчарски парчиња, но дека јајцата биле „навистина посебно откритие”. Дивите ноеви биле вообичаени во регионот сѐ до 19 век. Големите јајца на птиците биле пронајдени на археолошки локалитети од неколку периоди. Тие се користеле не само како извор на храна – едно јајце од ној има иста хранлива вредност како околу 25 јајца од кокошка – туку и како погребни садови, луксузни предмети украсени со гравури или слики, и како носачи на вода.

„Интересно е дека, иако јајцата од ној не се невообичаени при ископувањата, коските на големата птица не се пронајдени“, рекол Амир Горзалчани од израелската управа за антиквитети, пренесува „Би-би-си“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот