ФОТО+ВИДЕО | Пронајден розов гулаб, но приказната што се крие зад тоа е тажна

Фото: Wild Bird Fund

Гулабот пронајден во Њујорк го привлече светското внимание – за жал, причините за тоа не се многу розови.

Гулаб кој бил обоен во розова боја бил најден и спасен од локален љубител на птици во парк во Њујорк. Според кажувањето на човекот кој го нашол гулабот, тој бил намерно обоен за потребите на трендот за прославите на „откривање на полот на бебето“, што веќе стана пракса и кај нас. Судејќи по сѐ, мајката чека девојче, поради што гулабот завршил обоен розово, пишува „Њујорк пост“.

Според Wild Bird Fund (непрофитабилна организација за заштита на диви животни), птицата била пронајдена во прилично лоша состојба, страдала од неухранетост и била обоена во светло розова нијанса.

Постојат гулаби во различни нијанси, но никогаш во розова, велат од организацијата и апелираат да не се злоупотребуваат птиците во вакви цели како свадби, погреби, арт проекти или откривање на полот на бебињата. Да не се пуштаат во природата бидејќи со сигурност ќе прегладнат или ќе станат плен на предатори.


Њујорк е голема постојка за повеќе од 355 видови птици, од кои многумина завршуваат повредени од удари во високите облакодери, како плен на мачки или едноствано поради негрижа од граѓаните на Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот