ВИДЕО: Промовирана топката со која ќе се игра полуфиналето и финалето на Мундијалот

Замената „Ал Хилм“, има поинаков шаблон од претходната топка „Ал Рихла“/фото: EPA-EFE/Neil Hall

Мундијалот во Катар е при крај, четири репрезентации останаа во трката за титулата светски првак.

Во полуфиналето Аргентина ќе игра против Хрватска, како и Мароко со Франција.

Производителот на спортска опрема „Адидас“ објави како ќе изгледа топката со која ќе се играат преостанатите натпревари на Мундијалот, односно полуфиналните дуели, мечот за третото место и големото финале.

„Ал Хилм“ кој е замената за „Ал Рихла“, има поинаков шаблон од претходната топка што досега се користеше на СП 2022.

Фудбалските фанови ширум се надеваат дека новата топка многупати ќе завршуваат во мрежата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот