5 C
Скопје

ВИДЕО | Професор Раткоцери: Злоставувањата на децата во Прилеп и „Јавната соба“ се доказ за општествена декаденција и немоќ на институциите

Ние како правници го употребуваме изразот злоупотреба на малолетни деца. Другиот израз е педофилија, но треба да се знае дека тоа е повеќе дијагноза, односно лицето е дијагностицирано од педијатар или психолог. Педофилот е е еден вид на злоупотребувач на деца. Стапката не рецидивизмот е многу голема, бидејќи повеќето дела се вршат континуирано, но според нашиот Кривичен законик, тоа се смета за продолжено кривично дело, изјави во Утрински брифинг проф. Ведије Раткоцери.

– Педофилијата се смета, според критериумите на дијагностичкиот и статистичкиот прирачник за ментални нарушувања, за личност која фантазира и доживува сексуална возбуда кон деца, од прилика до 14 годишна возраст. Ова го викаат психолозите. Значи педофилијата е наведена како ментално нарушување. И доколку е ментално нарушување, за овие лица ние не може да очекуваме дека затворот ќе ја врши својата функција, односно да ги рехабилитира. Тие лица штом ќе излезат од затвор, веродостојноста да го повторат делото е многу голема, речиси 90%, доколку не се примени нешто кон овие лица – тоа нешто е медицински третман, но за да биде успешен треба да биде спроведен заедно со психолошки и психијатриски третман, вели Раткоцери.

Прочитајте и...  Протести во Мјанмар: Полицијата отвори оган во Мандалеј, настрада едно лице

Кастрацијата не се спроведува. Се работи за хемиска кастрација, медицинско-фармаколошки третман. Континуиран процес со медикаменти каде се истиснува либидото, нагонот на човекот. Во регистарот има скоро триста регистрирани педофили, но во оваа бројка не се само оние кои сториле кривично дело сексуална злоупотреба на деца под 14 годишна возраст, туку тука има лица кои вршат кривично дело детска порнографија, итн…

Треба да се има во предвид дека овие лица се во потрага по деца. Не се многу чести случаите каде бараат дете што не го познаваат. Има ситуации каде роднина, или учител е закана за вашето дете. Тоа е проблемот со педофилијата, се работи за лица кои се во кругот на детето што ги познава, па имаат можност да се закануваат и детето со години да не го каже проблемот, вели Раткоцери.

Прочитајте и...  Да се обезбеди скрининг на сите новороденчиња веднаш по раѓањето

Институциите да ја вршеа работата како што треба, јас верувам дека и состојбата со педофилијата и злоупотребата на малолентиците во нашата државата би била поинаква. Има некои работи кои треба да се изменат и во Законикот, и во Законот за извршување на кривичните санкции, и во начинот како се третираат овие случаи. Тука треба да работи цел систем. Да бидат и родителите свесни и институциите и сите кои се компетентни да ги заштитуваат нивните права. И излегува дека во овој круг нешто не било во ред…

Целиот разговор со професорката Раткоцели погледнете во видеото:

Поврзани вести

Која е нишката што ја поврзува Македонија со кланот „Америка“

Слободен печат

Милета Миљаниќ, ака Мајк падна во Њујорк: Агентите на ФБИ му ставија лисици на рацете на водачот на кланот „Америка“

Слободен печат

Хелен Мирен ќе ја напише светската порака по повод Светскиот ден на театарот

Слободен печат

Вашингтон со критика до Пекинг заради наметнување на изборниот закон во Хонгконг

Слободен печат

ВИДЕО I Еден мигрант загина, а неколку се повредени во експлозија во минско поле во близина на Плитвице

Слободен печат

Захарова: Русија конструктивно ќе одговори на позитивните сигнали од САД

Слободен печат

Остави Коментар