ВИДЕО: Професор од Србија стана вирален хит поради необична ситуација за време на онлајн предавање

Професор на медицински факултет во Србија, Иван Боричиќ, стана вирален хит на социјалните мрежи, откако му се случи една необична ситуација за време на предавање.

Имајќи предвид дека поради пандемијата на коронавирусите голем дел од предавањата се секако, онлајн, еден од студентите на Боричиќ успеал да го фати моментот, а видеото го сподели на социјалните мрежи.

Имено, сопруга на професорот морала да помине низ дневната соба, а поради начинот на кој го направила тоа, тој морал да го прекине предавањето неколку секунди.

Што се однесува до хемохроматозата… Морав да прекинам, жена ми ползеше за да излезе од собата. Она што го гледате во црвено зад мене е жена… Мојата“, рече тој, додека неговата сопруга ползеше на четири нозе, сакајќи да остане незабележана, за жал, неуспешно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот