9 C
Скопје

ВИДЕО | Професор Џукеска: Со предложениот Eтички кодекс се отвора простор раководните лица да се пресметуваат со неистомислениците

Независниот академски синдикат (НАкС) реагира што Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” почнала постапка за изработка на нов Етички кодекс, а нацрт-текстот деновиве е доставен само до дел од вработените на единиците на УКИМ. Исклучени од процесот се и синдикалните организации, иако приложениот Нацрт-Етички кодекс, како што велат, експлицитно уредува права и обврски кон нив.

Поради тоа, НАкС минатата недела доставил мислење за Нацрт-Етичкиот кодекс до органите на УКИМ, а во допис до јавноста наведе кои се клучните проблеми со текстот и процесот на изработка на Кодексот. Според овој синдикат, нејасно е зошто Ректорската управа почнала со изработка на нов кодекс, без претходна анализа и став со образложение од Управа или одлука на Сенатот. На голем дел од наставниците и вработените во единиците на УКИМ, посочува НАкС, не им е доставен нацрт-текстот, ниту пак се известени за започнатиот процес.

Прочитајте и...  Студија: Вакцината на „Синовак“ е 50,7% ефикасна против бразилскиот вид на коронавирус

Гостин во Утрински брифинг беше проф. д-р Елена Џукеска, претседателка на НАкС.

-Особено е опасно што се предвидува постоење на некакви етички комисии кои би се грижеле за етичкиот кодекс, но право да поднесат пријава им е дадено само на раководните лица и органи, а работниците, вработените и студентите можат да поднесат пријава само во случај на вознемирување.Оние постапки на опомена кои се предвидени за наставниците и соработниците не се предвидени за раководните лица, со што се отвора простор за раководните лица да се пресметуваат со неистомислениците. На пример со овој разговор денес, ако раководните лица проценат дека со некоја моја изјава кажам нешто што го нарушува угледот и интегритетот на Универзитетот, а притоа немаме јасна дефиниција што значи тоа, можам да бидам предмет на јавна опомена, изјави Џукеска за Утрински брифинг.

Прочитајте и...  Експерти на ЕМА во Москва ја проценуваат вакцината „Спутник В"

-Проблем е тоа што меѓудругото се регулираат и јавните настапи, без притоа да се согледа дека стандардите на професионалната етика, би требало да го имаат во фокус односот кон научната вистина и да се овозможи правото на самокритика. Ние очекуваме овој документ да биде највисок облик на саморегулирање на автономијата на Универзитетот, а не да се забранува или точно да се определува некој како се однесува во јавност. Ние предлагаме овој текст да биде повлечен, вели професор Џукеска.

Целиот разговор погледнете го во видеото: 

 

 

Поврзани вести

Канада забрани извоз на дронови во Турција

Слободен печат

Бајден: Мирните протести се разбирливи, но нема оправдување за насилството

Слободен печат

Најмалку 20 загинати во автобуска несреќа во Перу

Слободен печат

ВИДЕО: Убиен ученик, ранет полицаец при пукање во средното училиште Остин-Исток Магнет во Ноксвил

Слободен печат

Ќе се согорува ли отпад на нивите зад Железарница?

Југослава Дуковска

Македонски и математика – по пет часа неделно

Михаило Донев

Остави Коментар