ВИДЕО | Професор д-р Трајковски: Вистинското решение за пандемијата е минимум две или три недели целосно затворање

Битолскиот професор Дејан Трајковски, речиси секојдневно, на својот профил на социјалните мрежи, излегува со анализи на бројките и според резултатите кои ги добива, дава одредени проценки како би се движела пандемијата.

– ИЈЗ секојдневно ги објавува сировите податоци поврзани со КОВИД-19, што значи дескриптивна статистика која претставува влезен податок за понатамошна аналитика, која е второто ниво на статистичко предвидување на динамиката на пандемијата. За спроведување на таквите анализи е потребно математичко знаење, со кое се занимаваат математичари, физичари и инжињери од некое квантитавно поле. Јас одам чекор понатаму и давам наративен коментар за движењето на пандемијата како и комбинација од квалитативни и квантитативни истражувања за подобро разбирање на самата епидемија, вели Трајковски.

Според Трајковски, јасно е дека пандемијата се наоѓа во забрзан раст. Репродукциониот број Р0 е поголем од 1, што значи дека дневните бројки се забрзуваат со некое темпо од околу 5% на ден. Значи ако денеска сме имале 1000 случаи, за очекување е дека утре ќе имаме 1050 итн. Значи пикот засега не е на повидок, него ќе го видиме преку намалувањето на базичниот репродуционен број преку повеќе параметри. Ќе го видиме и преку стапката на позитивни тестови која е многу загрижувачка. Ќе се види и преку дневните промени на бројот на заболени. Има повеќе индикатори. Единствен научен е движењето на репродукцискиот број кој засега не дава надеж за скоро намалување. Самиот систем има голема инерција. Просто кажано примарните заразувачи, заразуваат уште пред да покажат симптоми. Навидум здрави луѓе ја пренесуваат инфекцијата, поради што ние не можеме поунаку да се бориме со неа, освен со превентивните мерки.

– Вистинското решение е минимум две или тринеделен „lock down“. Ние врз основа на искуството и, следејќи ги бројките од Велгденскиот „lock down“ видовме дека тоа е единствениот начин за намалување на бројките, вели Трајковски кој смета дека со четиридневен карантин можеме да ги намалиме бројките до 70%.

Целиот разговор каде што Трајковски говори и за колективниот имунитет погледнете во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот