ВИДЕО | Проф. Тасески: Водата може да биде и без пари, но треба самосвест кај граѓаните и намалување на загубите

Проф. Гоце Тасески/Фото: Слободен печат

Општините се соочуваат со големи загуби на вода за пиење, па така во Македонија процентот на неприходувана вода во 2021 година изнесувал над 60 отсто, во услови на се` поголемо влијание на климатските промени во земјава.

-Имаме алармантен проблем. Прашање е дали се загубите во вода само на полевање, или загубите се технички. Имаме фактурирана потрошувачка на вода која е приход за Јавното претпријатие. Тука спаѓа и онаа нефактурирана, но измерена количина на вода, а таа ја знае менаџерскиот тим. Другиот дел се загубите на вода, каде што загубите се поделени на два дела – административни и технички загуби, изјави во Утрински брифинг универзитетскиот професор Гоце Тасески.

Тој потенцира дека како админстративни загуби се сметаат неовластените приклучоци, паушални приклучоци, оштетувања на водомерите, неточните мерења, додека кај техничките мерења тоа се протекување на водата кај главните, магистрални цевководи, како и прелевања во резервоарите.

-Загубите на вода не се само загуби на вода од полевање на зеленилото. За жал сокривањето на потрошена а нефактурирана вода постои и кај нас. Тоа е една социо-политичка мерка за намалување на загубите на вода според Интернационалната асоцијација за вода, каде што се вели дека водата може да биде и политички добробит за менаџерскиот тим, ако тој тим се обврзе да ги намали нефактурираните количини на вода, вели професор Тасески.

Според него една од можностите за намалување на загубите е, скалесто или тарифно наплаќање на потрошената вода кое го заговара Регулаторната комисија за енергетика, а може и водата биде бесплатна, до одредено ниво на потрошувачка, што не е непознат модел во светот.

-Би го поддржал тој метод, дури и бесплатно да биде до одреден степен. До 150 литри дневно по жител е прифатливо и на европско ниво. Тоа би биле 600 литри на ден за едно четиричлено семејство и тоа да биде без пари. Но оној момент кога тоа семејство би потрошило 601 литар, тогаш би ги платило трипати поскапо овие 600 литри претходно што ги потрошило. Значи да им дадеме на граѓаните самосвест за зачувување на водата. Сега по жител потрошувачката е некаде 300-400 литри до 600 и поради загубите што е далеку над европскиот просек. Ние имаме релативно евтина вода зошто водата се води како социјална категорија, а имаме релативно моќни граѓани кои со водата полнат базени, полеваат зеленило, имаат разни системи за наводнување кои имаат енормна потрошувачка на вода. Тие се моќни, знаат дека таа потрошувачка не им е проблем да ја платат таа цена, и тоа е сепак загуба на вода. Тие ќе ја платат, но сега треба да ја платат реалната вредност на таа вода, вели проф. Тасески.

Тој додаде дека мора да се размислува за некоја базична наплата и за становите во кои никој не живее, посебно во туристичките места.

-Алармот е веќе вклучен од 2018 година и во менаџерските тимови се вклучува алармот за загриженост. Во училиштата веќе се учи како да се штеди водата. Разгаленоста се надевам за брзо време ќе ни помине. Граѓаните треба да ги едуцираме дека зимно време не треба да ги оставаат славните отворени поради замрзнување, а летно време да полеваат зеленило со истата и казниви мерки кои се неблагодарни, но и такви мерки треба да имаме, вели Тасески.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот