ВИДЕО | Проф. Стојанов: Во вонредни околности или стануваш подобар или полош

Оваа пандемија можеби е првата пандемија и нема точка на земјината топка која не е допрена. Теоретичарите на заговор кои велат дека после ова ќе настане еден нов свет – не треба да бидеме ни многу оптимисти ниту песиммисти, но дефинитивно го променува светот, особено личноста.

-Јас уште од почетокот велам дека ако ништо друго со овие мерки во кои ни е ускратен социјалниот живот, социјалните контакти, контактите со ближните, на некој начин во вакви ни покажува колку човекот е осамено суштество. Аристотел го дефинира како зоон политикон и вели дека човекот не може да живее сам, а за тоа да го прави треба да биде Бог или ѕвер. После векови Ниче му одговоара – да прав е Аристотел, за човекот да живее сам потребно е да биде Бог, ѕвер, но додава и филозоф. Во таа смисла оваа состојвба е најфилозовската состојба на духот на денешната заедница, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ проф. Трајче Стојанов.

-Осаменоста, средбата со самиот себе е и добра, но и лоша. Еднаш се раѓаме физички, но целиот живот духовно. И само во средбата со самиот себе си се брусиме. Нашиот животен меч се кали само со самите себе. Ние цел живот се натпреваруваме со самите себи си, вели Стојанов.

Целиот разговор со проф. Трајче Стојанов погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот