ВИДЕО | Проф. Методи Хаџи Јанев: Кога е Путин во прашање се` е можно па дури и отпочнување на нуклеарна војна

Проф. Методи Хаџи Јанев/Фото: Слободен печат

Универзитетскиот професор, Методи Хаџи Јанев во гостувањето во студиото на „Слободен печат“ говореше за тоа како траеше гласањето на таканаречените референдуми во четири украински региони за приклучување кон Руската Федерација, кои се правно-политичките инструменти на Москва по припојувањето на овие територии, но и можната ескалација на конфликтот како и за евентуалната употребата на нуклеарното оружје од страна на Москва на боиштата.

– Овие референдуми се политички инжинеринг, во кои што се ставаат правата како дел од политички инструмент со кои се сака пак да се добие одреден легитимитет. Меѓутоа треба да се нагласи дека она што е правно мора да биде и легитимно или дека е праведно. Така според одредени преседани на меѓународен план кои западната либерална демократија успеала да наметне некои преседани во минатото кои подоцна многу повешто ги институционализирала, сега Русија се обидува да направи правна инверзија на тоа. Инверзија во која таа ставајќи го акцентот на заштита на малцинствата или човекови права го заобиколува принципот на суверенитет, принцип врз кој се поставени темелите на ООН, а тој принцип е дека сите држави можат да бидат суверени и никој нема право да се меша во внатрешните односи – вели проф. Хаџи Јанев.

Проф. Методи Хаџи Јанев во студиото на Слободна ТВ/Фото: Слободен печат

На прашање дали по завршувањето на референдумите и припојувањето на украинските територии и официјално под уредувачката палка на Москва, Русија би можела да дојде во искушение како заштита на истите да употреби тактичко нуклеарно оружје доколку биде нападната во регионите, професорот појаснува дека кога е Путин во прашање се е можно па дури и отпочнување на нуклеарна војна.

– Видовме во многу наврати дека цело време се возообновува онаа стара советска дипломатија или алатка на дезинформации во кои што од десет лаги е една вистина. Сето тоа допринесува да се создаде магла во очекувањта и да се спушти гардот на оној кој треба да се брани. Па така сериозни западни куќи деновиве прават анализи дека ова е блеф околу заканата на Путин со нуклеарното оружје, давајќи аргументи кои што имаат логика, а тие се дека, сепак доколку Путин одлучи да изврши нуклеарен напад истиот би имал реперкусии и врз руското население таму. Сепак, тој може да искористи стратешко тактичко оружје во кое ќе има боеви глави со нуклеарен капацитет – истакнува професорот Хаџи Јанев во интервјуто за „Слободен печат“.

Проследете го целиот разговор во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот