ВИДЕО | Проф. Колозова: Академската заедница сигурно нема да го реши спорот со Бугарија, но ќе ја подотвори вратата

проф. д-р Катарина Колозова / Утрински брифинг
проф. д-р Катарина Колозова / Утрински брифинг

Интересна конференција се одржува денеска во Скопје, а темата е како да се реинвентираат патиштата за комуникација на Балканот.

-Гостите не се случајно избрани, главно се од Вишеградската група, кои исто имаат заеднички, споени истории кои порано беа извор на конфликт, а денес на соработка. Сакаме да видиме колку тоа искуство може да ни помогне во решавање на нашата ситуација во нашиот регион, вели за Утрински брифинг проф. д-р Катарина Колозова, директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје.

Колозова вели дека проблемот треба да се погледне како „наш заеднички“, а не „наш“ и „ваш“ со што би можеле да се изнесат предложи за можни решенија и препораки во обид да влијаеме позитивно на целата клима.

-Академската заедница секогаш врши влијание врз јавната сцена, врз начинот на кој се говори за нештата во јавноста. Менувајќи го мислењето во јавноста се надеваме дека можеме да ѝ овозможиме на политиката полесен пристап до решавање на проблемите и концептуална алатка за тоа, вели Колозова и додава дека академската заедница сигурно нема да го реши спорот но ќе ја подотвори вратата.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот