ВИДЕО | Проф. д-р Узунов: Неизвесноста создава хаос – треба да се однесуваме рационално

проф. д-р Ванчо Узунов / Утрински брифинг
проф. д-р Ванчо Узунов / Утрински брифинг

Што точно кажа Макрон кога спомна воена економија, знае самиот Макрон и веројатно неколку луѓе околу него, а ние сега може да го толкуваме, вели проф. д-р Ванчо Узунов за денешен Утрински брифинг коментирајќи го терминот „воена економија“ што го употреби францускиот претседател.

Според проф. д-р Узунов Макрон сакал да употреби можен и силен термин кој ќе ги возбуди граѓаните, за да ја опише сериозноста на состојбата во која што се наоѓа цела Европа со војната во Украина.

-Таков термин во економијата не се изучува, но описно значи дека треба економјата да функционира како да не ѝ се заканува воена опасност, но ги трпи сите последици како да има војна, вели Узунов.

-Тоа е малку посилна категоризација од вонредни околности, за луѓето да станат свесни дека нивните очекувања треба да бидат порационални, појаснува тој.

Узунов додава дека оваа година ние требаше да бидеме среќни ако имавме стандард како лани.

-Што е суштината на проблемот во оваа наша криза? Проблемот е во неизвесноста. Основата на целата криза е неизвесноста. Оттука почнуваат сите движења, бидејќи ние сѐ уште тој недостаток на енергија не го чувствуваме како недостаток, туку проблем е цената, вели Узунов.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот