ВИДЕО | Проф. д-р Трајковски: Оптимист сум – четвртиот пик нема да ја има силината на претходниот, поминавме околу 89 до 90% од пандемијата

До пред 4-5 дена намалувањето на епидемијата одеше регуларно со постојано намалуање на двните бројки. Но во последните 3-4 дена забележуваме извесен пораст на тој репродукционен број, кој се уште е во прифатлива територија под 1. Но доколку продолжи оваа негативна тенденција можеби и ќе дојде до извезно зголемување на бројките, изјави во Утрински брифинг професор д-р Дејан Трајковски.

Но прогнозите за понатамошниот дел од пандемијата предвидуваат дека ние би дошле до т.н спорадично заразување за некои 65 до 75 дена кога бројот на новодијагностицирани би паднал под 25 нови случаи дневно, односно кумулативната инциденца би паднала под 20 на 100.000 жители.

Забележуваме дека во Македонија третиот бран започна малку порано. Ние цело лето имавме постепено заразување со што се стекнуваше извесен степен на колективен имунитет, тоа што во западните земји го нема.

-Јас сум оптимист. Четвртиот пик нема да ја има силината на претходниот. Дури и не очекувам пораст на репродукциониот број значително над единица. Моментално според бројот на прележани ние поминавме околу 89 до 90% од пандемијата. Значи до крајот ние би имале не повеќе од 10.000 дијагностицирани, но тоа временски ќе трае подолго и како некоја опашка ќе се влече уште многу месеци со ниски бројки, но за среќа нема да ги покачи премногу бројките. Дури прашање е дали ќе надминеме и број од 100.000 новодијагностицирани, вели Трајковски.

Анализата на графиконите поврзани со пандемијата, стапките на нејзиното движење, проценките за „сивите“ бројки на заразени, како и можноста од нов пик на пендимајата во месеците кои следат погледнете во видеото од разговорот со професор д-р Дејан Трајковски. https://www.youtube.com/watch?v=V146NX5umYA&feature=emb_title  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот