ВИДЕО | Проф. д-р Мираковски: Ако сакаме чист воздух, мораме и да вложуваме во замена на системите за греење

проф. д-р Дејан Мираковски
проф. д-р Дејан Мираковски / Утрински брифинг

За загадениот воздух, бидејќи загадувањето во земјава ги урива сите рекорди во денешен Утрински брифинг поразговаравме со проф. д-р Дејан Мираковски, декан на Машинскиот факултет на Универзитетот „ГоцеДелчев“ во Штип.

Професор Мираковски подолго време се занимава со проблематиката на загадување на градовите од научен аспект, со мерливи бројки и податоци. Тој вели дека загадувањето во Скопје опаѓа неколку години, но годинава одново се случува бум.

-Оваа појава не е нова и изјавите за загадувањето се однесуваат на одреден временски период. Анализиравме во 2019 и 2020 година како влијае заклучувањето за време на ковид кризата и немаше некои поголеми отстапувања. Шт се однесува до годинава, имаме стабилни метеоролошки услови кои овозможуваат емисиите да останат на место и да достигнат екстремни вредности. Не се работи за нов феномен, ниту пак дека вчера беше подобро а сега е полошо, вели проф. Мираковски.

Претходните години се даваа субвенции за инвертери и се субвенционираше греење на пелети, како и нови приклучувања кон централното парно греење. Новата градска администрација сега не може да преземе нешто многу оти штотуку дојде на позицијата.

-За жал епизоди на загадување ќе имаме сѐ додека не елиминираме значаен дел од изворите на загадување. Факт е дека се заменија старите печки, но сѐ уште имаме огромен број домаќинства, околу 80 илјади, кои се греат на дрва. Овој процес на замена нема да биде брз во светло на енергетската криза, но начинот на загревање мора да се промени, вели проф. Мираковски.

И сообраќајот учествува во загадувањето. Новата градоначалничка се откажа од БРТ јавниот транспорт.

-Според досега публикувани бројки, екстремните загадување како сега сообраќајот учествува минорно, само некои 10 отсто. Главни извори на загадување се системите на греење, вели проф. Мираковски.

Кои политики на градот треба да се забрзаат за подобрување на состојбата на главниот град?

-На овие феномени на загадување влијаат многу феномени. Но, мора да се намалат изворите, а рековме тоа пред сѐ е греењето. Треба да се задржи континуитет во замената на системите на греење и во домаќинствата и во јавните установи. Во овој пристап мора да има упорност и тоа не зависи од промената на политичките гарнитуру,вели Мираковски.

Тој вели дека оние 400 милиони евра што се споменуваат за решавање на проблемот се од студија од МАНУ, „Скопје дише“ и се однесува на замена на старите системи за греење, гасификација на објекти итн. што би чинело многу, но и се добива многу оти старите системи за греење се опасни за луѓето. Миаковски вели дека овие суми можеби се недостижни за една година, но се достижни ако вложуваме континуирано.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот