ВИДЕО | Проф. д-р Дујовски: Украина може да се претвори во едно многу непосакувано сценарио

проф. Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност
проф. Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност / Утрински брифинг

За жал одамна не сме биле во ваква состојба во која може да речеме дека точката на вриење оди кон ескалација. И двете страни и Русија и САД преземаат чекори кои на крај најверојатно најсилно ќе се одразат врз Украина, ја коментира за Утрински брифинг ситуацијата меѓу Украина и Русија, проф. Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност.

-За дел од аналитичарите ова е посакуван резултат особено од страна на Путин, кој контролира простор но не сака целото внимание да го сврти кон себе. Сите чекори кои ги презема Путин се во насока дека тој има сериозна закана од НАТО и нема да дозволи да дојде на нивната граница, вели проф. Дујовски.

Тој истакнува дека Украина е со најголема територија на Европскиот континент и дека ова сериозно треба да се разгледа.

-За Македонија во оваа фаза како членка на нато ова не значи ништо но доколку дојде до ескалација ќе мора да се размисли кои би биле следните чекори, додава Дујовски.

-Секоја европска држава очигледно поединечно си ги гледа своите интереси во оваа криза. Но состојбата може за кратко да ескалира и да биде многу поголем конфликт од оние што на оваа релација сме ги имале во минатото. Мора да се најде решение за мирна деескалација на состојбата вели за Утрински брифинг проф. Никола Дујовски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот