ВИДЕО: Проектил погоди станбена зграда во Харков, еден мртов

Украина Харков Фото: ЕПА

Проектил вчера погоди станбена зграда во украинскиот град Харков, при што загина едно лице, соопшти регионалниот гувернер Олех Синехубов.

„Според ажурираните информации, едно лице загинало како последица на удар на руска ракета во станбена зграда”, напиша Синехубов на Телеграм.

Засега нема информации колку лица се повредени.

Службите за итна помош се на терен, за кои Синехубов рече дека им пружаат помош на жртвите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот