ВИДЕО: Продолжуваат маките на Евертон во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/Glyn Kir

Во првиот натпревар од саботната програма на 22 коло во Премиер лигата екипата на Астон Вила славеше на гостувањето кај Евертон со резултат 0:1.

Единствениот погодок на „Гудисон“ за гостите го реализираше аргентинскиот интернационалец Емилијано Буендија.

Се обидуваше домаќинот првпат предводен од привремениот менаџер Данкан Фергусон, упати двоцифрен број на удари кон голот на Астон Вила, но само еден одеше во рамките на голот.

Најдобрата прилика за домашните ја имаше Ришарлисон во самиот финиш, но одбраната на Вила реагираше одлично.

„Карамелите“ кои го претрпеа 11 пораз (трет по ред) сезонава се наоѓаат на 16 позиција со 19 бодови, додека играчите на Стивен Џерард се на 10 место со 26 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот