Вечерва се комплетираше деветтото коло од најсилното италијанско првенство, Џенова загуби на домашен терен од Парма со резултат 1:2 на стадионот „Луиџи Ферарис“.
Жервињо во првото полувреме после асистенцијата на Кучка успеа да донесе водство за гостите во 10 минута од средбата.
На стартот од вториот дел истиот играч зголеми на 2:0, а домаќините својот почесен погодок го реализираа преку Шомуродов кој во 69 минута го напушти теренот и беше заменет од македонскиот репрезентативец Горан Пандев.
После шестиот пораз (четврти по ред) сезонава Џенова е на претпоследната 19 позиција со шест бода и само еден триумф. Во наредното коло на 7 декември ќе гостува кај Фиорентина.
Денеска се одигра уште еден меч, екипите на Торино и Сампдорија ремизираа 2:2.