ВИДЕО | Продолжува бајката на Удинезе, Несторовски доби десет минути

Верона - Удинезе/3 октомври 2022/фото: EPA-EFE/EMANUELE PENNACCHIO

Удинезе дефитивно е најпријатното изненадување оваа сезона, тимот на Илија Несторовски ја оствари и шестата победа оваа сезона откако денес со пресврт ја победи Верона.

Верона до водство стигна после 23 минути игра преку Доиг. По овој гол на домаќините Удинезе се обидуваше да израмни. Во првите 45 минути не видовме друг погодок, па Верона замина на пауза со минимална предност.

До изедначување Удинезе стигна со голот на Бето во 70. минута. Кога изгледаше дека бодовите ќе бидат поделени, Јака Бијол со глава во 92. минута се погрижи за победа на Удинезе.

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски и овој натпревар го започна од клупата за резерви, Нестор ги одигра последните десетина минути од средбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот