ВИДЕО: Приврзаниците на Ердоган слават во Аја Софија, Ердоган доаѓа утре на утринска молитва

Прослава на победата на Ердоган во Аја Софија/Фото: Скриншот/Твитер

Стотици приврзаници на Реџеп Таип Ердоган се собраа во неделата вечер во Аја Софија за да ја прослават неговата победа на изборите, пишува турски Сабах.

Прославата дојде предвреме од планираното, бидејќи намерата беше по официјализирањето на победата избирачкиот штаб на Тајип Ердоган утре наутро да ја посети Света Софија, која сега функционира и како џамија, со цел да се моли.

Дури се очекува настанот да биде комбиниран со голема фиеста од страна на неговите поддржувачи.

Според 99,3% од преброените гласови, Ердоган добил 52,09%, а Киличдароглу 47,91%.

Кемал Киличдароглу преовладуваше во Истанбул, Измир, Едрене, турскиот брег и источна Турција.

Иако денеска во Истанбул беше врнежлив ден, приврзаниците на Ердоган излегоа на улиците да слават со знамиња и песни, расположение кое владееше во текот на целата изборна кампања.

Самиот Ердоган во првото појавување по изборниот резултат се појави пред своите поддржувачи со песна.

„Денес е голем ден. Со почит кон изборниот резултат и помеѓу два верски празници, прославивме ден на демократијата за иднината на нашиот народ и децата. Ќе бидеме достојни за вашата доверба. Ние припаѓаме на Турција и Турција ни припаѓа. Единствениот победник е Турција. А на 14 и 28 мај победник беше нашиот народ“, рече Ердоган и им се заблагодари на сите што учествуваа во изборната кампања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот