ВИДЕО: Приведени три лица од фабрика за канабис, запленети над шест килограми дрога

Речиси 45,1 отсто од оперативните сознанија што дошле до македонската полиција во текот на 2021 година се однесуваат на недозволена трговија со марихуана, па затоа најзастапена е заплената на марихуаната.

Приведени се три лица, а запленети се и над шест килограми марихуана произведена во фабрика за канабис во село Уларци, Кочанско која неовластено била изнесена од фабриката за продажба на илегалниот пазар.

Како што соопшти МВР, во акцијата на полицијата биле лишени од слобода Д.Б. (41) од село Другово, Кичевско, Г.П. (31) од Скопје и А.А. (31) од Кочани сите вработени во фабриката за канабис поради основано сомнение за нивна инволвираност во неовластено производство и продажба на дрога.

– Во координирана акција во Кочани и во трговски центар во Скопје Д.Б. бил затекнат при продажба на шесте килограми дрога и бил лишен од слобода. По претходно обезбедена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Кочани, во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Кочани и претставници од Комисија за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели при Министерство за здравство, извршен е претрес во правниот субјект во с.Уларци, кочанско, при што се лишени од слобода и Г.П. и А.А., се наведува во соопштението на МВР.

Од полицијата појаснуваат дека во текот на истрагата било утврдено дека Д.Б. заедно со Г.П. во периодот од ноември 2020 до февруари 2021 преземале низа дејствија со цел неовластено производство на марихуана во објектот, со намера неовластено ја продадат и да се стекнат со противправна имотна корист, додека А.А., вработен како обезбедување во објектот, помогнал во извршување на кривичното дело на начин што преземал дејствија спротивни на законските норми за обезбедување на објекти за производство на марихуана за медицински цели согласно Законот за контрола на опојни дроги

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот