Косово: Фото: Рашко-призренска епархија

ВИДЕО | Приштина објави снимка во која тврди дека со напаѓачите во близина на Бањска бил и потпретседателот на Српска листа

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељал Свечља објави видео за кое тврди дека е од потпретседателот на партијата Српска Листа, Милан Радоичиќ, меѓу групата напаѓачи во Бањска, пренесува српски Н1.

„Радоичиќ беше водач на оваа терористичка група и нападот во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку. Ова е уште еден доказ за неговата терористичка активност. Потпретседателот на Српска листа е водач на терористичкиот напад и групата терористи“, напиша косовскиот министер на Фејсбук.

Тој го обвини претседателот на Србија Александар Вучиќ дека стои зад, како што рече, „терористичката акција против правниот и уставниот поредок на Косово“ преку Српска листа и Радоичиќ.

„Значи Српска листа своето учество во Косово го гледа само на терористички начин. Не успеаја“, додаде Свечља.

Според него, прогласувањето Ден на жалост во Србија и од Српската листа во српските заедници во Косово претставува „печат на авторството на оваа организација“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот