ВИДЕО: Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон отворија свој канал на „Јутјуб“

youtube
принтскрин

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон отворија заеднички јутјуб-канал насловен „The Duke and Duchess of Cambridge“ и веќе имаат над 207.000 следбеници кои со нетрпение ги очекуваат новите објави на славната кралска двојка.

Сега мораш да внимаваш што ќе кажеш, затоа што сè се снима“, шеговито ѝ рече принцот Вилијам на својата сопруга Кејт Мидлтон на почетокот на видеото со кое го најавија лансирањето на нивниот јутјуб-канал.

Воведното видео со наслов „Добре дојдовте на нашиот официјален јутјуб-канал“ прикажува кратки инсерти за сè што следбениците ќе имаат можност да го видат во нивните следни објави.

Имено, кралската двојка ќе се обиде да ја приближи јавноста кон добрите и лошите страни на животот на високи членови на нивното семејство.

Видеото беше објавено во средата на 5 мај и за само еден ден собра повеќе од 1,032,920 прегледи. А, нивниот профил веќе го заследија над 207.000 луѓе кои внимателно ќе ги следат најновите објави.

Ова е само еден во низата чекори со кои идниот крал сака да ја модернизира монархијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот