ВИДЕО: Пригожин на морничава снимка покрај ковчегот на Американец убиен во Бахмут

Рускиот паравоен водач Евгениј Пригожин денеска потврдил дека на Украина ѝ го предале телото на Николас Мајмер, пензиониран војник од специјалните сили на американската армија, кој загина во битката кај Бахмут.
– Денеска во 15:00 часот го предадовме телото на Американецот Николас Мајмер на украинската страна – изјави вчера Пригожин во аудио порака.
Мајмер бил во зграда во Бахмут која се урнала откако била погодена од артилериски оган, вели пензионираниот потполковник Пери Блекбурн, основач на непрофитната организација AFGFree, со која Мајмер работел во Украина. Блекбурн истакна дека Украинците кои биле со Мајмер верувале дека тој или бил заробен во урната зграда или убиен од руската артилерија.
Засега нема независна потврда на деталите околу смртта на Мејмер. Во снимка споделена од Пригожин на социјалните мрежи, основачот на платеничката паравоена формација „Вагнер“ стои покрај два ковчега – едниот покриен со американско знаме, а другиот со турско.
Yevgeny Prigozhin claimed that an American citizen was killed in action and two Turkish citizens died under the rubble of a collapsed building in Bakhmut.
The claims could not be independently verified.
Ukraine war latest: https://t.co/IjTDh57wuh pic.twitter.com/NBiFfyyHRV
— Sky News (@SkyNews) May 25, 2023
– Американецот е убиен во битката во „гнездото“ (една од последните области за кои се водат борби на западниот дел на градот) – вели Пригожин во видеото.
Тој додаде дека во вториот ковчег имало тело на турски државјанин кој бил во Бахмут со својата партнерка.
– Најдени се под урнатините на зградата, поточно тој и неговите документи. По повлекувањето, Украинците ја разнесоа зградата, а тие загинаа под урнатата зграда. Не успеавме да ја извлечеме неа, но него го извлековме надвор и тој ќе се врати во својата татковина – рече Пригожин.