ВИДЕО: Превирања во Стопанска банка Скопје – НБРСМ да интервенира, бараат имателите на приоритетни акции

Имателите на приоритетни акции во Стопанска банка Скопје подолг период се чувствуваат обесправено бидејќи банката одбива да изврши конверзија на приоритетните во обични акции, а како што тврдат истовремено се намалуваат нивните права.

-Јас сум еден од 3637 акционери кои во моментов поседуваме приоритетни акции. Координативното тело е сочинето од акционери кое се ангажираат за да се организираат сите останати акционери по градови за нашите активности. За оние што не знаат Стопанска банка има два вида на акции – обични и приоретитетни. Приоретните бидејќи немаат право на глас добиваат гарантирана дивиденда. Незадоволни од нејзината висина, незадоволните акционери побараа акциите да бидат конвертирани. Во есента 2018 кога прв пат предлогот беше ставен на дневен ред тој план не беше усвоен, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна Тв“ Влатко Ташковски, акционер на Стопанска банка Скопје.

Акционери во Стопанска банка Скопје, сопственици на приоритетни акции поднесоа тужби против банката, бидејќи сметаат дека се оштетени поради тоа што намерно се избегнувала законската обврска во Статутот на банката да бидат вметнати правата од приоритетните акции и бидејќи им се ускратува правото на соодветно учество во распределба на добивката.

-Имавме и посебно полномошно составено од нас. Но, и на седницата немаше волја, и потоа бевме приморани да поднесеме тужба за да ги оспориме измените на Статутот. Со тоа единствената предлог одлука за измена на Статут што беше на годишното собрание беше во корист на мнозинскиот акционер, а на штета на акционерите со приоритетни акции- вели Ташковски.

Целиот разговор со Ташковски погледенте го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот