ВИДЕО | Претседателот Пендаровски се сретна со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска во Истанбул оствари средба со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, информираат од кабинетот на шефот на државата.

„На средбата се разговараше за состојбите во православниот свет, улогата на Вселенската Патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии. Во таа насока, претседателот Пендаровски ја истакна важноста на улогата на Вселенскиот Патријарх во поттикнувањето дијалог за сите отворени прашања во православниот свет.

Покрај ова, на средбата се разговараше за прашањето за решавање на статусот на Македонската Православна Црква – Орхидска Архиепископија и во таа прилика претседателот Пендаровски потенцираше дека Вселенскиот Патријарх има особена улога во надминувањето на црковниот спор. Истовремено претседателот Пендароски повика на што поскоро надминување на спорот, затоа што како што посочи, раната на едно место во православниот свет боли во целиот православен свет.

Истовремено на средбата беа разменети мислења за состојбите во регионот поврзани со актуелните случувања во однос на интеграцијата на земјите во Европската Унија, при што Патријархот Вартоломеј нагласи дека го поддржува членството на Северна Македонија во ЕУ, кое преку исполнување на критериумите би донело подобар живот, зголемена солидарност и толеранција“, стои во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот