ВИДЕО: Претрес на МВР во гевгелиско, пронајдени дрога и муниција

ФОТО-Архива/ Слободен печат

На 23.09.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и заедничка акција со полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, по добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија, извршија претреси во гевгелиско, при што се лишени од слобода две лица.

При претрес на дом и помошни простории во село Моин, гевгелиско, во кои живее Б.Ѓ.(46) од Гевгелија, во дворот се пронајдени насад со растението канабис сатива, а во дневната соба се пронајдени четири пакувања со растителна материја – марихуана.

ФОТОМВР: Претрес во гевгелииско

Б.Ѓ. е лишен од слобода, приведен во Полициска станица Гевгелија, а за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија. По комплетирање на документацијата против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Во периодот од 19.30 до 20.30 часот, пак, извршен е претрес на дом и помошни простории во истото село, во кои живее А.К.(29) од Гевгелија, при што се пронајдени 38 боеви куршуми калибар 7,9мм, осум боеви зрна и еден боев куршум непознат калибар.

ФОТО-МВР :Пронајдени куршуми

Лицето е лишено од слобода, известен е дежурен Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, а по комплетирање на документацијата од страна на СВР Струмица ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи со несмалено темпо ќе продолжи со преземање на интензивни мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со наркотични дроги и оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот