ВИДЕО: Пресврт за победа на Елмас и Наполи во Лигата на Европа

Убедлив триумф на Наполи во Лигата на Европа/ фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Фудбалерите на Наполи остварија убедлив триумф од 1:4 на гостувањето кај Легија Варшава во рамки на четвртото коло во Лигата на Европа и се искачија на првото место во групата Ц.

Италијанскиот тим за кого од првата минута настапи и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, славеше со пресврт бидејќи во првиот дел губеше со 1:0, но во вторите 45 минути постигна четири гола.

Полскиот тим поведе со голот на Емрели во 10. минута, а предноста  ја имаше се до стартот на вториот дел. Прво Зиелински во 51 минута израмни на 1:1 од пенал, а пресвртот го најави Мертенс исто така од пенал во 75. минута, по што во финишот во листата на стрелци се запишаа уште и Лозано и Оунас. Елмас на теренот помина 65 минути по што беше заменет со Марко Политано.


Англискиот Вест Хем дури во четвртото коло ги испушти првите бодови во Лигата на Европа играјќи 2:2 на гости против Генк.
Убедлив триумф на домашен терен оствари Олимпик Лион кој со 3:0 ја совлада Спарта Прага и си обезбеди европска пролет бидејќи има максимален скор по четири кола.


Резултати:
Брондби – Ренџерс 1:1
Галатасарај – Локомотив М. 1:1
Генк – Вест Хем 2:2
Легија – Наполи 1:4
Лион – Спарта Прага 3:0
Монако – ПСВ 0:0
Олимпијакос – Ајнтрахт 1:2
Реал Сосиедад – Штурм 1:1

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот