ВИДЕО | Пресуда за Монструм: Три доживотни затворски казни за „монструозното садистичко убивање“ на момчињата

Овде не се работи за обичен кривично-правен настан, туку за монструозно садистичко убивање на едвај полнолетни деца, изјави судијата Огнен Ставрев пред изрекувањето на пресудата за случајот „Монструм“.

Завршни зборови на „Монструм”: Обвинителката Фетаи не отстапи од обвинението за тероризам

Судот одлучи дека Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се виновни за делото „тероризам“ и се казнети со доживотна казна затвор. Агим Исмаиловиќ е исто така виновен за тероризам и судот му определи доживотна казна затвор. Хаки Азири, за помагање на сторител е осуден на девет години затвор. Фејзи Азири е осуден на петнаесетгодишна затворска казна, за две дела поврзани со монструзоното убиство.

Фејзи Азири ги покани Русковска и Јовески во ќелија: Ќе ви дадам докази за нарачателите и организаторите на убиството

Судијата Огнен Ставрев го потврди повлекувањето на обвинението против Сами Љута, за кого обвинителите кажаа дека немаат докази за учество во делото.

-Казните се соодветни, изјави обвинителката Фатиме Фетаи, предлагајќи осудените да бидат во притвор се до правосилноста на пресудата.

Во претходна постапка за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Фетаи: Момчињата и рибарот се убиени кај Смилковско Езеро, се друго е научна фантастика

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, предметот беше вратен на повторно судење и случајот во март 2018 гдина го презеде поранешното СЈО.

Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.

„За нога допрев едно од момчињата. Немаше пулс“ – потресно сведочење на полицаец за масакрот кај Смилковско езеро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот