ВИДЕО | Пресечен меѓународен канал за трговија со хашиш, приведен албански државјанин

Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со ОВР Струга, Регионалниот центар за гранични работи Исток и Царинската управа, пресекоа меѓународен канал за транспорт на хашиш од Република Албанија преку Република Северна Македонија, Бугарија, а крајна дестинација Турција, при што се запленети околу 14 килограми хашиш и пакувања хашиш смола и хашиш масло, соопшти денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

– По претходно преземени мерки, во 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир (на излез од РСМ) извршен е претрес на возило БМВ, управувано од албанскиот државјани Х.Х. (60) при што во два бункера биле пронајдени пакувањата со хашиш. Х.Х. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде предаден на надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава. МВР продолжува со интензивните мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога. Завчера беа запленети над половина тон марихуана,а акциите продолжуваат и во наредениот период, рече Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот