ВИДЕО: Препорака на Двејн Џонсон – „The Rock“ за соодветен оброк по тренинг
Двејн Џoнсон попознат како „The Rock“ на својот сподели рецепт за протеински шејк што го пие по секој тренинг.
Џонсон редовно објавува вести од неговата домашна теретана, покажува како изгледаат неговите тренинзи и споделува совети како да останете мотивирани за вежбање, а сега тој реши да открие рецепт за протеински шејк што го пие по тренингот.
View this post on Instagram
„Не заборавајте на важноста на внесот на протеини, јаглени хидрати, шеќер веднаш по тренингот. Тоа е особено важно време кога вашите мускули оптимално ќе ги апсорбираат овие хранливи материи“, пишува Џонсон.
View this post on Instagram
Состав:
- 65 до 70 грама протеински прав
- 35 грама јаглени хидрати во прав
- 1 цело јаболко
- 1 лажичка електролит
- креатин
- вода