ВИДЕО | Премиерот на Романија поднесе оставка: Лудовик Орбан прогласи победа, па одлучи да се повлече

Романскиот премиер Лудовик Орбан поднесе оставка, со што сугерира дека се откажа од обидот да стане мандатар за состав на нова администрација по вчерашните избори.

– Работевме најдобро што можевме. Целта ми е да помогнам во формирање на мнозинство во парламентот без Социјалдемократската партија. Се надевам дека Либералната партија ќе има сили за мандатар на новата администрација, нагласи Орбан.

Според резултатите од 84 отсто од гласовите, социјалистите освоија нешто помалку од 30 отсто од гласовите, додека либералците добија 25 отсто. Сојузот УСР-Плус, кои најверојатно ќе бидат коалициони партнери на либералците, добија 15 отсто од гласовите.

Претседателот Клаус Јоханис изјави претходно дека групациите од десниот центар имаат доволно гласови за формирање на коалициона власт.

Тој најави дека во наредните денови ќе разговара со партиите за формирање на нова влада.

Излезноста на изборите во Романија беше најлоша од паѓањето на комунизмот во 1989 година, па речиси секој трет жител излегол на гласање.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот