ВИДЕО | Премиерот на навредите од Левица одговори со совет: Посетете психијатар

Државна делегација положува цвеќе во Могилата на непобедените во Прилеп / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Денеска во Прилеп на одбележувањето на 11 Октомври се случи скандал во криптата на Могилата на непобедените кога активисти на Левица се обидоа да ја попречат државната делегација да положи цвеќе блокирајќи го патот.

До инцидент не дојде затоа што обезбедувањето на премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски не реагираше и не се обиде да ги отстрани членовите на Левица.

Меѓутоа, еден од членовите на Левица на премиерот му се обрати со навредливи зборови: „Немаш лице да се појавиш овде, бе, Зоки. Му се п*сра на сите што се овде загинати. Треба да си славите празник уште еден вие во Бугарија таму, не овде! Ова не е ваша територија“.

На тоа премиерот посочи дека треба да се засрамат што така се обраќаат на делегација на Владата и го посоветува членот на Левица да посети психијатар.

Дофрлањата може да се слушнат и на снимката.

По инцидентот со осуда се огласи и политичката партија СДСМ.

Зоран Зев во Прилеп / Фото: СДСМ

Вечерва, пак, премиерот Заев гостуваше на ТВ Сител каде што изрази задоволство по посетата на градовите и селата низ земјата.

-Општините стануваат сѐ повлијатилни и ќе бидат капацитетни да ги испорачаат сите ветувања. Логично е граѓаните да бараат повеќе и уште повеќе да се испорача за четири години. Одиме со најдоброто во секоја општина и со поддршка од централната власт ќе реализираме неколкукратно повеќе проекти кои живот значат на локално ниво, рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на вестите на Сител.

Премиерот додаде дека граѓаните се неприкосновени одлучувачи на локално ниво и тие најдобро знаат што е врвен приоретет за нив.

-На идните градоначалници им препорачувам да го сакаат народот и да ја прифатат одговорноста за да му служат, а не да владејат со него. Да ги слушаат граѓаните за нивните потреби, да бидат фер и правични и да ги распределат финансиските капацитети подеднакво за сите, рече Заев.

Убавината на овие избори е што се зборува насекаде за многу проекти, испорачан е убав збор пред граѓаните во форма на ветување за сето тоа што треба да се работи во следниот четиригодишен мандат, истакна во вестите на Сител телевизија претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

-Секогаш проблемот на еден поединец, на едно семејство е можеби навидум само еден проблем, но за тоа семејство е најголем на светот, да бидат овде, да помогнат во решавањето на тие проблеми, да не се препуштат само на работа на проектите и реализација на програмата, човечноста да не ја изгубат, да им служат на луѓето и да бидат секогаш до нив, додаде Заев.

ФОТО+ВИДЕО | Премиерот Заев и владината делегација се поклонија пред „Могилата на непобедените“ по повод 11 Октомври

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот